Заминувањето од Наполи е потврда за едно нешто: Конте цврсто верува во своето „непишано правило“

Дерби

20/05/2026

14:38

308

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте ги брои последните недели како тренер на Наполи и таквата вест ја уверуваат сите угледни италијански медиуми, па кога оваа вест се пренесува со голема сигурност, полека излегуваат и вести кои се поврзани за „непишаното правило“ на тренерот на Елиф Елмас.

Конте започна со својата тренерска кариера во Арецо во 2006-та година, брзо беше прекомандуван како прв тренер во Бари, а оттогаш наваму, само еднаш направи исклучок и водеше тим повеќе од две сезони.

Антонио тоа го направи со саканиот Јувентус кој го водеше од 2011-та до 2014-та година, но иако тоа е единствениот исклучок, ни таму не се задржа доволно долго какошто многумина посакуваа.

Конте често знае да предизвика конфликт на интереси во клубовите за кои работи и во ниту еден клуб не се задржа повеќе од две години, а таквиот тренд го продолжува и во Наполи.

Една година по освоеното Скудето, Конте веќе ги пакува куферите и ќе си оди од Неапол, а истото веќе го направи во Интер, Тотенхем, Челси, Сиена и Аталанта.

Со исклучок на Јувентус, Конте во сите осум клуба работеше не подолго од две сезони, а истото важи и за првата етапа која ја имаше како италијански селектор.