Клаудио Лотито има една од најтурбулентните сезони како претседател на Лацио, не само поради лошите резултати, туку и поради црната кампања која ја почнаа тифозите против него.
Навивачите на Лацио бојкотираа дел од натпреварите и воопшто не се појавија на „Олимпико“, но во ситуација кога дојде тимот да се бори за титулата, „Олимпико“ беше исполнет до последно место.
Сепак, Лацио загуби од Интер во големото финале во Копа Италија и втора сезона по ред остана без излез во Европа, а во период кога се очекуваат големи промени во клубот, Лотито реши да распали по своите играчи, но и навивачите.
– Интер не направи буквално ништо за да го освои трофејот во Купот, ние направивме сè за нив. Си постигнавме автогол и им подаривме втор гол, а потоа не реализиравме три зицери. Против Рома примивме идентични голови од корнери, зарем јас да ставам некој на теренот кој треба да знае да маркира? Јас не сум тој кој што игра на теренот. Играчите да ја имаа мојата храброст и моите мадиња, натпреварот ќе беше одамна завршен, ќе доминиравме во финалето, но и на другите натпревари. Проблемот е кај играчите, кога ќе излезат на теренот, едноставно ги полнат гаќите!
– Што се однесува до бојкотот на фановите….. Јас сум претседател на Лацио 22 години, освоив шест трофеи и го вратив клубот во Европа. Може да имаме една сезона во која работите нема да одат најдобро. Со години работам за клубот да го направам автономен, независен и бесмртен. Затоа, не ме прашувајте мене зошто не доаѓаат на стадионот, прашајте ги нив. Ако не сакаат да доаѓаат, не ни мораат. Можеби нема доволно фанови на Лацио во Рим, но има многу на сите страни ширум светот, има фанови на Лацио дури и во Кина, – порачува бесниот Лотито.







