Луис Енрике го прецрта матичниот клуб: Не ми дадоа шанса кога требаше, нивниот ред помина!

Дерби

21/05/2026

12:59

517

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике е човек кој секогаш ги кажува работите максимално отворено и често говори без влакна на јазикот, па таков е случајот и кога зборува за својот матичен клуб.

Иако важи за фудаблска легенда на Барселона, Лучо своите фудбалски почетоци ги имаше во родниот Хихон, но Спортинг како негов матичен клуб реши да не му даде шанса на почетоците кога се пробиваше во тренерските води, поради што актуелниот тренер на ПСЖ отфрли било какво сценарио да го води саканиот Спортинг во иднина.

Луис Енрике е човек кој има свои принципи и кој одговара за сите свои постапки на теренот и надвор од него, а сега цврсто вели дека нема да го води Спортинг Хихон иако е неговиот матичен клуб кој прв му даде шанса во играчката кариера.

– Спортинг ја пропушти голема шанса да ме има кога бев на стартот на кариерата, нивниот ред помина. Сега е лесно да се одлучите за Луис Енрике, шанса би ми дал и мојот татко кој е редовен критичар.

– Шанса се дава кога малку кој верува во вас, а тоа не го добив од Спортинг. Тогаш не бев никој како тренер, а во тој период, шанса ми даде Барселона преку својот младински тим. Покрај тоа, сега се навикнав да се натпреварувам на највисоко ниво во Европа и се чувствувам многу комотно, – изјави Луис Енрике во интервјуто за медиумот од Астурија, „Нова Шпанија“.