[ВИДЕО] Реформирај го телото, разбуди ја енергијата – започни нова спортска приказна со WE RE:FORM

Точка

21/05/2026

11:13

215

Големина на фонт

а а а

Последниве месеци, во спортските и фитнес кругови сè почесто се зборува за една нова спортска опсесија – Reformer пилатес.

На прв поглед изгледа елегантно, лесно и речиси како танцување: прецизни движења, контролирано темпо и вежби што повеќе потсетуваат на кореографија од балетска сцена отколку на класичен тренинг. Без тешки тегови, без исцрпувачко трчање и без агресивни вежби, Reformer пилатесот носи сосема поинаков пристап кон телото - комбинација од сила, баланс, флексибилност и грациозност. Токму затоа оваа дисциплина во последно време стана омилен избор за луѓе од сите генерации - жени и мажи, почетници и активни спортисти, затоа што тренинзите се приспособуваат на сечија возраст, форма и кондиција.

„Гледајќи како светски познати имиња со години практикуваат Reformer пилатес, сфатив дека ваквиот тип на тренинг не треба да биде резервиран само за славните или за професионалните спортисти. Токму спротивното, ова е вежбање што може да му помогне на секој човек да се чувствува подобро во сопственото тело, без разлика на возраста, полот или физичката подготвеност. Reformer пилатес е модерен и динамичен начин на вежбање кој комбинира контрола, сила, флексибилност и елегантни движења, користејќи специјална Reformer машина што овозможува прецизни и безбедни вежби за целото тело. За разлика од класичните тренинзи, овде фокусот не е само на изгледот, туку и на чувството на леснотија, баланс и енергија,“ ни сподели Бојан Павлов, сертифициран инструктор за Reformer пилатес во новото WE RE:FORM boutique Reformer Pilates студио во Скопје.


По само неколку редовни тренинзи, и покрај она пријатно „воспаление“ на мускулите, резултатите почнуваат природно да се забележуваат - телото станува поцврсто, поиздолжено и елегантно обликувано, без притоа да изгледа „набилдано“. Истовремено се подобрува држењето, балансот и леснотијата во движењето, а чувството е како целосно освежување за телото и умот. Токму затоа, ако сакаш тренинг што навистина прави разлика, Reformer пилатес студиото WE RE:FORM Reformer Pilates Studio е местото каде во мали групи и со индивидуален пристап ќе го почувствуваш Reformer пилатесот како лично прилагодено искуство што те мотивира да се враќаш повторно и повторно. Закажи го твојот бесплатен пробен час и направи го првиот чекор кон посилна, поелегантна и поурамнотежена верзија од себе.


Комерцијален текст