Васоски за тактиката која донесе титула за Силекс: Одигравме како што се договоривме…

Дерби

21/05/2026

07:18

449

Големина на фонт

а а а

Силекс по четврти пат во својата историја го освои пехарот во Купот на Македонија и со тоа обезбеди излез во европските купови.

Клубот од Кратово беше подобар од Шкендија со 1-0 со погодокот кој во второто полувреме го постигна Алиќ на асистенција на Додев.

Со ова Александар Васоски дојде до уште еден трофеј како тренер на домашната сцена, а по мечот откри како тактички го надмудри колегата Јетон Беќири.

– Според очекувањата, вечерашниот натпревар беше тежок. Шкендија можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено на ваков важен меч да се игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на левата страна, да направи вишок и успеавме во тоа, дадовме гол на време и сметам заслужено го освоивме Купот. Им честитам на момците, ако минатата за малку ни избега трофејот во шампионатот, оваа година го земавме Купот што е голем успех за нас.

– Ова не беше најдобар натпревар на Силекс сезонава, но првично се договоривме да ги затвориме сите приод и после 60-та минута да удриме со силно оружје. Затоа можеби Мирчевски остана на клупата, но токму во тие мигови кога се одлучуваше мечот поентиравме,- порача Васоски, пред неговата прес конференција да биде прекината од упадот на фудбалерите на Силекс.