Дарко Панчев е докажано фудаблско име кое остави посебен белег на овие балкански простори, а како жива легенда на овој спорт, сега направи најава за Светското првенство како гостин во порграмата на „радио Сараево“.
Македонската „Златна копачка“ традиционално ги следи најголемите фудаблски настани и се подготвува за мундијалот кој следи, но Панчев вели дека не е премногу воодушевен од идејата на ФИФА најважниот фудаблски собир да брои 48 репрезентации.
– Гледано од фудаблска гледна точка, тоа не е добар потег според мене. Ќе има премногу натпревари, премногу репрезентации. Голема е желбата на сите што ќе играат, а парите и телевизиските преноси направија да дојдеме до оваа точка.
– Малку е непријатно кога Светско првенство се игра надвор од Европа, посебно во Јужна или Северна Америка. Временските разлики се големи и ќе има натпревари кои ќе почнуваат во незгодни термини за нас. Нема да биде лесно да се следи цел турнир, но секако ќе ги гледаме натпреварите на селекции од овие простори, – вели Панчев, кој посебно се осврнува на Босна и Херцеговина во продолжение од разговорот.
– Најобјективно смета дека Босна има свои шанси и дека може да биде барем втора во својата мундијалска група. Канада, Швајцарија и Катар не се многу подобри и поквалитетни репрезентации. Постојат мали разлики и верувам дека Босна ќе се носи со сите ривали. Ако имаат свој ден и малку среќа која секогаш е потребна, не гледам зошто не би се пласирале во следната фаза. Сигурен сум дека ќе остават добар впечаток, – порачува Панчев, кој не е изненаден од фактот што Босна во бараж финалето ја елиминираше Италија.
– Повеќе не е подвиг да ја исфрлите Италија. Тоа го направивме и ние Македонците. Гледаме дека Италија е во една голема фудбалска криза, како на репрезентативно, така и на клупско ниво. Тоа веќе не е големо изненадување, трет пат не одат на Светско првенство и тоа е вистинска катастрофа за нив, – завршува Панчев.










