Сака: 22 години не исмевавте, а сега ова ќе свети…

Дерби

20/05/2026

14:01

379

Големина на фонт

а а а

Играчите на Арсенал го дочекаа киксот на Манчестер Сити во најдобро можно расположение, па славјето за титулата во Премиер лигата почна во Собха центарот, а траело и до раните утрински часови на „Емирејтс“.

Букајо Сака и Јуриен Тимбер биле едни од најупорните во шампионската прослава и забележани се како се сликаат со фановите во 5 часот наутро пред стадионот, а токму од нив двајца доста вирално стана и едно стори на социјалните мрежи.

Иако видеото го сними Тимбер, главната порака ја испрати најплатениот играч во првиот тим на „топчиите“.

– Осветлете го ова! 22 години не исмевавте и се шегувавте, но веќе нема да го правите тоа. Ова силно ќе свети и ќе блеска, – покажа Сака кон местото на кое е изгравиран трофејот од Премиер лигата.

Интересно, Сака имал само две години кога Арсенал последен пат беше шампион со Арсен Венгер, но иако тогаш не бил свесен што се случува, сега како главна ѕвезда на Арсенал ќе се радува на успехот кој се чекаше повеќе од две децении.