[ВИДЕО] Снимка што го обиколи светот: Погледнете го моментот кога Нејмар дознал дека оди на Светското првенство

Точка

19/05/2026

21:11

585

Големина на фонт

а а а

Реакцијата на Нејмар на повикот во бразилската репрезентација за Светското првенство во фудбал 2026 стана вирална и предизвика расправа меѓу навивачите, додека 34-годишниот ветеран се подготвува за нов обид да се запише во фудбалската историја.

Снимката што ја прикажува неговата реакција во моментот на објавувањето на списокот брзо се прошири на интернет.

Еден од најемотивните фудбалски моменти неделава беше забележан со камера кога Нејмар, по повеќегодишна пауза, и официјално се врати во бразилската репрезентација. За 34-годишниот напаѓач ова е прв повик по последниот настап во 2023 година, со што заврши долгото исчекување. За многу навивачи, самото присуство на неговото име на конечниот список беше една од главните вести од објавата.

Снимката што го обиколи светот

Сепак, она што следеше привлече исто толкаво внимание. Видеото што се прошири на интернет го прикажува Нејмар како ја следи објавата на списокот. Во моментот кога било прочитано неговото име, поранешната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен покажал видливо задоволство, по што следела и емотивна реакција што можете да ја видите во продолжение.

Нејмар досега со фудбалската репрезентација на Бразил го освои Купот на конфедерации 2013, како и олимписко злато во 2016 година, но Светското првенство во фудбал и Копа Америка сè уште не успеал да ги донесе дома. Со оглед на неговиот статус и текот на кариерата, ова би можела да му биде последна шанса за такво нешто.

Конечен список на бразилската репрезентација за СП 2026

Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Фенербахче) и Вевертон (Гремио)

Одбранбени играчи: Алекс Сандро (Фламенго), Бремер (Јувентус), Данило (Фламенго), Даглас Сантос (Зенит), Габриел Магаљаеш (Арсенал), Ибањез (Ал-Ахли), Лео Переира (Фламенго), Маркињос (ПСЖ) и Весли (Рома)

Играчи од средниот ред: Бруно Гимараеш (Њукасл), Каземиро (Манчестер Јунајтед), Данило Сантос (Ботафого), Фабињо (Ал-Итихад) и Лукас Пакета (Фламенго)

Напаѓачи: Ендрик (Лион), Габриел Мартинели (Арсенал), Игор Тиаго (Брентфорд), Луис Енрике (Зенит), Матеус Куња (Манчестер јунајтед), Нејмар (Сантос), Рафиња (Барселона), Раjан (Борнмут) и Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).