Косовски државјанин е уапсен откако возел со брзина од 203 километри на час на автопат кај Смоквица, во место каде ограничувањето е 120 километри на час. Случајот е пријавен од полицијата која го исклучила од сообраќај.
Полицијата уапси косовски државјанин кој возел со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час.
Според информациите на МВР, вчера вечер, на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30).
„При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час“, соопшти МВР.
Тој е исклучен од сообраќај и против него е поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.







