Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско

Макфакс

19/05/2026

14:50

188

Големина на фонт

а а а

Во Скопско вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл, при што мотоциклистот бил тешко повреден и пренесен во Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа на полицијата.

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33) од с.Идризово, скопско.

Во несреќата со тешки повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.