ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам, следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Макфакс

19/05/2026

14:40

158

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи ја како непрофесионална и несериозна, додавајќи критика на темите и начинот на кој се презентираат појавите во политичкиот живот на земјата.

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група што држи прес-конференции како да е комбинација од театар на апсурд и ефтина претстава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Порелевантни се информациите за временска прогноза отколку пресовите на лидерот на СДС.

Следно е да излезе со драматична конференција за нумизматика, колекционерство на салфетки или анализа на ретки поштенски марки.

Човекот со половина прес зборува за пасоши, со друга половина за НАТО, па скока на Преспански, па завршува со уставни измени, како политички подкаст пуштен на shuffle.

И сето тоа со патетичен тон на човек што мисли дека открил државен заговор, а всушност само признава дека СДС веќе нема ниту тема, ниту правец, ниту политичка тежина“.

Најтрагично, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, е што токму тие што ја распродаваа државата денес држат лекции за патриотизам, идентитет и Европа.

„Истите тие што ветуваа „живот“, а оставија пустош, криминал, понижувања и национални отстапки, сега се обидуваат да глумат морални авторитети.

СДС денес не е опозиција. СДС е политички стенд-ап без публика“.

Лидерот на опозициската СДСМ денеска на прес-конференција кажа дека во Владата на Мицкоски врие како што рече од бугарски пасоши.