Случај со физички напад и психичко малтретирање на 17-годишно девојче од нејзин соученик во училиште во Карпош, пријавен во СВР Скопје, и полицијата презема мерки за разрешување на случајот.
Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.
Тој според пријавеното подолг период психички ја малтертирал.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.







