[ВИДЕО] Пет против еден: Тепачка на протестот за правосуден испит на албански јазик, приведени три лица пред Министерството за правда

Точка

18/05/2026

22:40

960

Големина на фонт

а а а

На протестот што денеска се одржа пред Министерството за правда во Скопје, на кој група студенти Албанци побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, дојде до физичка пресметка меѓу дел од присутните.

Инцидентот се случил во попладневните часови, а според снимките што се појавија на социјалните мрежи, во тепачката учествувале повеќе лица. На видеата може да се забележи како едно момче е туркано, удирано и влечено за облеката од неколку други лица, додека присутните се обидуваат да ја смират ситуацијата.

Настанот предизвика реакции на интернет, особено поради тоа што дел од граѓаните оценија дека полициската интервенција во првите моменти била задоцнета. Подоцна, полицијата интервенирала и привела три лица.


Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека околу 17:45 часот полициски службеници од СВР Скопје привеле тројца македонски државјани поради нарушување на јавниот ред и мир пред зградата на Министерството за правда.

Засега не се соопштува што точно довело до конфликтот, ниту дали приведените лица биле дел од организаторите или учесниците на протестот. Случајот се расчистува, а против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци.