Насри: Две години играв фудбал со лажно име

Дерби

19/05/2026

12:11

228

Големина на фонт

а а а

Самир Насри своевремено беше голема премиерлигашка ѕвезда и составен дел од франуската репрезентација, а како фудаблер кој знаеше да предизвика и доста контроверзии, сега открива дека неговиот фудбалски пат бил исполнет со мали лажирања уште од најрана возраст.

Насри во последното подкаст гостување откри дека со фудаблот започнал на четиригодишна возраст, но уште при првите фудаблски чекори се запознал со лажењето и измамата.

Имено, Насри немал право да биде дел од натпреварувањата на Францускиот фудаблски сојуз до својата шеста година, па поради тоа, неговиот клуб го регистрирал со лажно име.

– Играв со лажна членска книшка и под туѓо име. Направија регистрација на момче од моето соседство кое имаше соодветна возраст и две сезони играв под името Александер Марас.

– Играв под лажно име се додека не наполнив 6 години и имав право за регистрација. Ми го переа мозокот пред натпреварите, ми велеа да не заборавам дека се викам Александер, – открива Насри.