Анчелоти посебно жали за една премиерлигашка ѕвезда која извиси за СП: Заслужи да се најде на листата, но…

Дерби

19/05/2026

11:58

252

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти мораше да носи тешки одлуки при објавувањето на листата со 26 фудаблери кои ќе патуваат на Светско првенство, па иако главна вест беше вклучувањето на Нејмар, во фокусот посебно се најде и едно неочекувано изоставување.

Дон Карло реши да ги послуша советите од легендите и го вклучи Нејмар во завршниот тим, но по се изгледа, ѕвездата на Сантош му го зема местото на Жоао Педро кој имаше извонредна сезона на индивидуален план во Челси.

Жоао Педро е убедливо најголемиот губитник од списокот кој го објави Карло Анчелоти во текот на вчерашната ноќ, а и самиот Италијанец призна дека му е посебно жал за напаѓачот на Челси.

– Има многу квалитетни бразилски фудбалери на индивидуален план. Секако, посебно ни е жал за Жоао Педро. Тој имаше фантастична сезона во Европа и заслужи да биде во оваа листа, но за жал, не може да патуваат сите.

– Со сета можна свест, со сета можна почит и мислејќи само на компетитивноста, избравме други играчи пред него. Жалам за Жоао Педро, но и за другите играчи кои не се најдоа на конечниот список, – изјави Анчелоти.

Покрај Жоао Педро, на списокот не се најде и Ришарлисон кој во изминатите години беше стандареден во репрезентацијата, а на списокот ги нема и Антони, Андреј Сантош и ветеранот Тиаго Силва кој сонуваше за последно Светско првенство.