Сити работел во позадина со месеци: „Граѓаните“ го имаат договорено наследникот на Гвардиола

Макфакс

19/05/2026

11:54

266

Големина на фонт

а а а

По ексклузивата на „Дејли мејл“ дека Пеп Гвардиола во недела за последен пат ќе го води Манчестер Сити како менаџер на клупата, многу влијателни англиски извори ја потврдија веродостојноста на информацијата, па од вчеравечер до рано утрово, угледните медиуми споделија уште низа вести поврзани за „земјотресот“ во Манчестер.

Сити денеска игра против Борнмут и ќе се обиде да остане жив до послендото коло во битката за Премиер лигата, но без оглед на тоа каков ќе биде епилигот, уште сега познато е дека Пеп ги брои последните денови како предводник на тимот.

Иако има важечки договор за уште една година, искусниот шпански стручњак решил да се повлече и да ја затвори својата незаборавна етапа после точно една деценија мината во клубот, а англиските медиуми веќе излегуваат со точни информации за тоа кој ќе биде негов наследник.

Според информациите, Сити се подготвувал за вакво сценарио и работел во позадина со месеци наназад, па веќе го има обезбедено потписот на Енцо Мареска.

Италијанецот е ученик на Пеп Гвардиола и добро ја познава средината во Манчестер, запознаен е и со методите на работа, па затоа е избран како идеален наследник на Шпанецот од страна на спортскиот директор Уго Виана.

Мареска се докажа и како одлично решение за Челси и во Лондон освои две титули, но по неочекуваниот отказ на средината на сезоната, стана слободен агент и Сити успеал да постигне преддоговор со Италијанецот во случај Пеп да си замине од „Итихад“.

Изминатите месеци постојано се „шушкаше“ во јавноста дека Гвардиола ја има последната сезона во Англија, а сега на крајот тоа и ќе се оствари после сите успеси кои му ги донесе на клубот од „Итихад“.