Баерн Минхен изминатиов викенд ја прослави новата титула во Бунедслигата на Мариенплац, но за време на забавата на најпознатиот плоштад во градот, се појави и гигантски транспарант кој дефинитивно не беше во план на организацијата.
Навивачите на Минхен 1860-та успеаја да инфилтрираат транспарент со невкусна содржина за германскиот шампион, а фановите на Баерн мислејќи дека го подигнуваат својот грб, на крајот изедоа голем сеир.
На транспарентот Баерн беше претставен како клуб во кој играат „селјаци“ и „курвини синови“, па бидејќи транспарентот стана доста популарен во Германија, сега пристигна одговор од спротивната страна.
Херберт Хајнер како претседател на Баерн испорача брутална порака до навивачите на Минхен 1860-та, посочувајќи им дека ова им е единствената сатисфакција која ќе ја доживаат низ годините.
– Видов што се случи за прославата. За жал, нашите навивачи нема да можат да им се одмаздат на навивачите на Минхен 1860-та, а причината е едноставна. Причина за тоа е фактот што долго нема да слават било каква титула, – изјави Хајнер.







