Нејмар го заврши мечот поради бизарна судиска грешка, видеото стана вирално во Бразил

Дерби

18/05/2026

12:50

167

Големина на фонт

а а а

Нејмар е во исчекување на конечната одлука на Карло Анчелоти околу повикот за Светско првенство, но пред да дојде време за најважниот список, ѕвездата на Сантош се најде во центарот на вниманието поради бизарна ситуација.

Натпреварот меѓу Сантош и Коритиба заврши со резултат 0:3 за гостите, а Нејмар поради несекојдневна ситуација не можеше да го доигра мечот.

Имено, четвртиот судија направи голема збрка и направи измена која не беше пропишана и замислена од Сантош, но бидејќи веќе Робињо Жуниор влезе во игра, замената не можеше да се поправи.

Нејмар добиваше лекарска помош крај аут линијата додека се подготвуваше измена на друг играч на Сантош, но судијата процени дека Неј е тој што треба да излезе и на семафорот го покажа неговиот број.

Капитенот на Сантош брзо сфати дека судиите направија голем превид, па иако жестоко се бунеше, според правилата, играч кој е испратен на клупата, едноставно не смее да се враќа на теренот.

Нејмар лудуваше и покажуваше на телевизиската камера каков превид направија судиите, но на крајот неправдата не беше исправена и тој само заработи жолт картон.