Марота ја откри трансфер стратегијата на Интер по прославата на двојната круна: Ќе има промени во тимот

Дерби

18/05/2026

13:33

135

Големина на фонт

а а а

Интер освои двојна круна во италијанскиот фудбал и вчера со голема страст се славеа двете титули во Милано, а за време на големата забава која настана во тимот, претседателот Бепе Марота пронајде време да разговара и со новинарите.

Првиот човек кој е и главен оперативец на клубот, најави дека Интер ќе направи доста промени во играчкиот кадар ова лето, пред се поради заминување на играчи чии договори завршуваат, но и поради желбата да се подмлади тимот.

На крајот на месец јуни им завршуваат договорите на играчи како Ачерби, Дармијан, Де Вриј, Мхитаријан и Зомер, а во овој момент планот е да им се покаже излезната врата на сите пет играчи.

– Победите секогаш се специјални, нема ништо подобро од тоа. Пресреќен сум што ги гледам навивачите на Интер во вакво расположение, тие заслужија вакви успеси.

– Ќе има проемни во тимот за следната сезона. Ќе влеземе во еволуциски процес, а не во револуциски. Има играчи кои ќе треба да ги евалуираме, а ќе покажеме максимален респект кон оние што ќе си одат. Стремиме кон тоа да имаме микс од млади и искусни играчи во тимот, – изјави Марота.