Германскиот прволигаш Ајнтрахт Франкфурт одлучи да се раздели со шпанскиот стручњак Алберт Риера, стратег кој изминатава зима го донесе од Целје, тим во кој имаше извонредни резултати.
Бундеслигашот го „украде“ Риера од Словенија, но откако екипата не успеа да обезбеди пласман во европските купови реши да се откаже од услугите на некогашниот фудбалер на Манчестер Сити, Ливерпул, Галатасарај, Еспањол…
- Клубот и јас заеднички се согласивме да ја прекинеме нашата соработка. Како тренер, ја преземам одговорноста за спортските резултати, а мојот единствен фокус во овој период беше подобрување на тимот и негово успешно работење. Чувствував дека морам да го заштитам клубот и играчите и повторно ќе постапам на ист начин без двоумење. Бев убеден дека ова е потребно за фокусот целосно да се задржи на спортскиот успех.
- Личните интереси не играа никаква улога за мене. Мојата цел беше, е и секогаш ќе биде иста: да ги развивам играчите и да постигнувам успех. Благодарен сум што бев дел од историјата на Ајнтрахт Франкфурт и му посакувам на клубот се најдобро во иднина, - порача џентлменски Риера кој го водеше тимот на 14 натпревари со учинок од четири победи, пет нерешени и пет порази.







