[ВИДЕО] - Интер Милан го освои Купот на Италија и обезбеди двојна круна во земјата

Макфакс

13/05/2026

23:40

711

Големина на фонт

а а а

Интер обезбеди двојна круна во Италија годинава откако го освои Купот на Италија со убедлива победа од 2:0 над Лацио, потврдувајќи го својот доминантен статус во италијанскиот фудбал.

Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија со победата 2:0 над Лацио. Интер сезонава ја освои дуплата круна, опрва по 2010 година, кога актуелниот тренер Кристијан Киву, беше командант на одбраната,

Избраниците на Кристијан Киву ја потврдија својата доминација на „чизмата“, а Лацио речиси и да не беше конкурентен во финалето на својот стадион.


Иако беа гости, „нероазурите“ целосно го надиграа Лацио и поведоа во 14-та минута со автогол на Адам Марушиќ.

Работата Интер ја заврши во 35-та минута, кога капитенот Лаутаро Мартинез ја дуплираше предноста.

Во второто полувреме, Интер успешно се бранеше и заслужено освои нов трофеј, односно „двојната круна“ во Италија.