Манчестер Јунајтед може да почне да размислува за следната сезона затоа што веќе ја оствари основата цел и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Премиерлигашот веројатно прво ќе мора да го реши прашањето околу тренерската позиција или поточно дали ќе се одлучи да му верува на Мајкл Карик или ќе донесе ново име кое ќе почне од почеток и ќе тргне да гради нова приказна.
Времето минува и Јунајтед ќе мора да реагира и потоа да се активира и на трансфер пазарот. Некои играчи си заминуваат како што е Касемиро, борецот кој сезонава потсети на своите најдобри партии од Реал Мадрид.
Јап Стам верува дека „црвените ѓаволи“ ќе мора да доведат двајца играчи од средината на теренот кои ќе му помогнат на Коби Мејну.
- Сите зборуваат за замена на Касемиро, кој имаше одлична сезона оваа година и имаше огромно влијание. Тој ја промени својата игра во споредба со претходната сезона, станувајќи многу поспремен, постигнувајќи голови и користејќи го своето искуство за да им помогне на другите играчи во неговиот префериран систем. Дури и кога се постари, искусните играчи се подобруваат кога имаат самодоверба, што мислам дека е нормална работа. Сепак, таа позиција во средниот ред е онаа на која треба да ја поправат.
- Тие треба да доведат еден, или можеби дури и двајца, дополнителни играчи од средниот ред кои имаат нозе и способност со топка и да го водат тимот заедно со Коби Мејну. Ова би му овозможило на Бруно Фернандеш да игра како број 10, што е многу важно, како што видовме во Јунајтед. Значи, сите размислуваат за таа позиција.
- Понатаму, ако се квалификувате за Лигата на шампионите и имате повеќе натпревари за играње во сезоната, вашиот тим треба да се зајакне. Треба да доведете повеќе играчи, или дури и подобри играчи, за да одржите одреден квалитет на игра, - порача Стам.









