Кансело за проблемот во Ал Хилал: Тие не ми ја кажаа вистината…

Дерби

12/05/2026

14:34

626

Големина на фонт

а а а

Жоао Кансело се врати во европскиот фудбал во оваа 2026 година, потег кој се покажа како одличен за него затоа што го облече дресот на Барселона и со своите изданија во изминативе месеци покажа дека се уште има што да понуди на највисоко ниво.

Португалецот од 2024 година е член на Ал Хилал, но се соочи со проблеми по кои одлучи барем привремено да го напушти клубот од Ријад.

- Во Ал Хилал, за жал, имаше луѓе кои не ми ја кажаа вистината. Ми кажаа дека ќе бидам регистриран во тимот за саудиската лига, а потоа, кога дојде време, тоа не го направија. Потоа секогаш јас сум тој што добива лоша слика… но барем си стојам на зборот, никогаш не би го менувал за ништо. Секогаш сум бил ист. Директен сум и не држам злоба кон никого, - истакна Кансело кој со пехарот со Барселона испиша историја, стана играч кој успеал да триумфира во четирите од петте најсилни лиги во Европа.

- За мене тоа е уникатно чувство. Барса е многу посебен клуб за мене. Дури и пред да дојдам тука, веќе бев навивач на Барса. Освојувањето на титулата во лигата со овој клуб е нешто многу посебно. Денес сум многу среќен. Освоив титула со Барселона, која за мене е најдобриот клуб во светот, - порача Кансело кој кратко проговори и за неговата иднина.

- Знам што сакам, но не можам јавно да кажам. Ќе видиме што ќе се случи, - порача дефанзивецот кој е под договор со Ал Хилал до 2027 година.