[ФОТО] Линдзи Вон пронајде 11 години помладо момче

Точка

12/05/2026

10:41

1.080

Големина на фонт

а а а

Линдзи Вон (41), легендарната американска скијачка, е во врска со 11 години помладиот колега Матје Баје.

Неколку месеци откако Линдзи Вон доживеа тежок пад на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, магазинот „People“ објави информација дека славната скијачка пронашла нов партнер.

Линдзи Вон и Матје Баје неодамна се зближиле, а заедничкото време најчесто го поминуваат во Њујорк.

Американската скијачка сè уште официјално не се огласила по овој повод.

Матје Баје, роден на 23 април 1996 година во Ница, е успешен француски репрезентативец во скијање кој во Светскиот куп се натпреварува во брзите дисциплини – спуст и супервелеслалом.

Најголемиот успех во професионалната кариера го оствари во 2021 година, кога го освои второто место во супервелеслалом во австрискиот Залбах-Хинтерглем.