Гвардиола за најдобриот играч на Сити: Може да биде на исто ниво со Јамал и Винисиус Жуниор

Дерби

12/05/2026

11:25

1.063

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити до крајот на оваа сезона го очекуваат уште неколку предизвици, мечеви по кои може во своите витрини да донесе уште една или две титули.

„Граѓаните“ играат финале со Челси во ФА Купот, а во исто време се борат со Арсенал за пехарот во Премиер лигата со тоа што во моментов ништо не е во нивни раце и потребен е кикс на „топчиите“ за да нешто се промени.

Меѓутоа едно е јасно Сити ќе мора да притиска до самиот крај, да победува, но тоа во исто време значи дека Џереми Доку мора да добие соодветна поддршка. Белгиецот е убедливо најдобриот играч на клубот од Манчестер во овој момент, играч со најдобра форма кој дава голови, асистира, а и кога нема учинок кога се во прашање најважните категории тој прави разлика на теренот.

Токму поради ова тренерот Пеп Гвардиола смета дека Доку може да е на исто ниво со Ламин Јамал и Винисиус Жуниор.

- Да, секако. И секогаш прифаќај да бидеш притиснат. Секогаш прифаќај го тоа. И тоа е толку убаво. Навистина сме задоволни. Сега тој добива натпревари. Но, тој отсекогаш бил навистина, навистина добар.

- Зависи од менталитетот. Мораш да кажеш дека сакаш да станеш еден од најдобрите крилни играчи во светот. Инаку, си во зона на удобност и велиш: „Не, во ред е, во ред е.“ Џереми секогаш дриблал и се трудел. Но, му велам дека мора да сака да стане еден од најдобрите од најдобрите. Само тогаш ќе го достигне тоа ниво, - смета Шпанецот.