Заврши сезоната за Лос Анџелес Лејкерс, а со тоа и сезоната за Леброн Џејмс за кого можеби е и последна во неговата кариера.
Леброн во декември ќе го прослави 42. роденден, но останува да се види дали тоа ќе го направи на теренот како активен играч.
- Ме прашувате за тоа, јас само одговарам на прашањата. Не излегувам да кажам дека пензионирањето доаѓа. Сè уште сум свеж од поразот. Не знам што ми носи иднината, очигледно, како што стојат работите во моментов. Ќе се опоравам со моето семејство, ќе разговарам со нив и кога ќе дојде време, ќе знаете што одлучив да направам, - истакна Џејмс кој и во петтата деценија во животот имаше импресивна серија со најдобрата екипа во лигата Оклахома Сити Тандер.
- Љубовта кон играта е секогаш тука. Не мислам дека некогаш ќе исчезне. Но, процесот за мене отсекогаш бил многу поважен. Бидејќи ако престанам да го сакам процесот, тогаш веројатно ќе престанам да ја сакам играта, - рече Леброн кој ќе ја памети титулата со Лејкерс до крајот на животот.
- Освојувањето на шампионската титула ќе остане во врвот на моите сеќавања како Лејкерс, - порача „кралот“.






