Нови ДНК докази во случајот со убиството на Киара Поџи од 2007 година во Италија доведоа до повторно отворање на истрагата и појава на нов осомничен. Станува збор за Андреа Семпио, пријател на братот на жртвата, чиј ДНК профил се поклопува со траги пронајдени под ноктите на Поџи.
Случајот со години ја бранува јавноста, а за убиството беше осуден нејзиниот тогашен дечко Алберто Стаси, кој и покрај тоа што двапати беше ослободен, во 2015 година доби 16 години затвор врз основа на индиректни докази.
Обвинителството сега смета дека новите докази може да доведат до поништување на пресудата, што би значело дека Стаси, кој веќе поминал повеќе од една деценија во затвор, би можел да биде ослободен.
Семпио ги негира обвинувањата, а неговите адвокати најавија дека ќе се брани со молчење додека трае истрагата. Случајот и натаму предизвикува поделени реакции во јавноста, додека семејството на жртвата останува на ставот дека пресудата против Стаси е конечна.







