Украина доби назад 82 милиони долари и злато од унгарските власти

Макфакс

06/05/2026

18:39

236

Големина на фонт

а а а

Унгарија ѝ ги вратила на Украина готовината и златото на државната банка Ошадбанк, кои биле запленети во март, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Станува збор за околу 82 милиони долари во готовина и злато, кои унгарските служби претходно ги заплениле под сомнение за перење пари, при што биле приведени седум украински државјани. Украина тогаш ја осудила акцијата како изнудување.

Зеленски изјави дека средствата се целосно вратени и го оцени потегот како „конструктивен пристап“ и „цивилизиран чекор“ од унгарска страна.

Украинскиот министер за надворешни работи оцени дека враќањето на имотот претставува јасна разлика меѓу, како што наведе, претходниот политички пристап и новиот правец на односите меѓу двете земји.

Од Киев порачаа дека се подготвени за подобрување на билатералните односи врз основа на меѓусебно почитување и прагматизам.