[ФОТО/ВИДЕО] Турската воена индустрија го шокираше светот: Претстави ракета со дострел од 6.000 километри – девет пати побрза од звукот, а може да погодува цели од Европа до крајот на Азија

Точка

05/05/2026

21:24

1.002

Големина на фонт

а а а

Турција во понеделник ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка ракета на Меѓународната изложба за одбрана и воздухопловство (САХА 2026) во Истанбул.

Министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер, изјави дека ова е ракета со најголем дострел во историјата на земјата.


Центарот за истражување и развој на Министерството за одбрана на Турција ја претстави интерконтиненталната балистичка ракета „Јилдиримхан“, чиј дострел е 6.000 километри. Со други зборови, таа може да погоди која било цел во Европа, речиси цела Африка или поголем дел од Азија, сè до бреговите на Кина.


Брзината на турската интерконтинентална балистичка ракета се движи меѓу 9 и 25 маха, односно најмалку девет пати е побрза од брзината на звукот.

Ја придвижуваат четири мотори што користат течен водород или азотен тетроксид (N₂O₄).

Министерот Ѓулер, денес порача дека „Јилдиримхан“ ќе биде употребен „без двоумење“ доколку има потреба.


Турција на САХА 2026 ја претстави и ракетата „Нинџа“, која „ја минимизира колатералната штета со користење сензор за близина и единствена боева глава со подвижни сечила што се активираат непосредно пред ударот“.


„Наместо употреба на експлозив, таа ги неутрализира целите со директно, високопрецизно кинетичко дејство, што ја прави погодна за прецизни удари, а не за уништување на поширока површина“, пренесоа турските медиуми.