Возачот на Ферари, Шарл Леклер, доби казна по Големата награда на Мајами. Возачот од Монте Карло, имаше големи проблеми во финишот, заврши на шестото место, по казната ја освои осмата позиција.
Леклер беше повикан пред судиската комисија за три одделни можни прекршувања на правилата, кои беа активирани кога возачот на Ферари се изврте во последниот круг и удри во ѕидот.
Леклер доби пријава за возење оштетен автомобил во небезбедни услови, повеќекратно напуштање на патеката и стекнување на предност, како и судир со конкурентот од Мерцедес, Џорџ Расел, во последната кривина.
По истрагата, судиите одлучија да му дадат на Леклер казна „возење низ“, која, со оглед на тоа што беше изречена по трката, беше претворена во 20 секунди додадени на неговото време на трката, со што тој падна на осмото место.
Why Charles Leclerc was handed a 20-second time penalty post-race ‼️
— Formula 1 (@F1) May 3, 2026
The penalty was given for leaving the track “on several occasions without a justifiable reason” on the final lap in Miami ⬇️#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/QykWLsnF5B
Казната беше изречена за напуштање на патеката „повеќе пати без основана причина“, потврди документот објавен по сослушувањето на судиите.
Откако ги слушнаа изјавите на Леклер и претставникот на Ферари, како и податоците, видео снмките и радио доказите, судиите заклучија:
„За време на последниот круг во кривината 3, автомобилот 16 се заврте и удри во ѕидот, но продолжи да вози. Возачот ни кажа дека автомобилот е во добра состојба, освен што не може правилно да ги помине десните кривини.
Поради овој проблем, тој беше принуден да ги „сече“ шиканите на патот до целта. Откривме дека фактот што мораше да ги „сече“ шиканите (т.е. да ја напушти патеката) значеше дека тој доби предност со напуштањето на патеката на тој начин.
Леклер е трет во генералниот пласман со 59 поени, 41 помалку од лидерот Андреа Кими Антонели.
Шампионатот во Ф1 продолжува со Големата награда на Канада на 24 мај.











