Играч на Рен режираше страшно волеј ремек-дело во француското дерби за место во ЛШ

Дерби

04/05/2026

15:02

176

Големина на фонт

а а а

Француското дерби меѓу Лион и Рен беше директна битка за третото место кое води во Лигата на шампиони, а после возбудлива битка на теренот, домаќините со пресврт славеа со 4:2.

Лион го одбрани „Олимпик парк“ и направи важен исчекор кон најелитното европско натпреварување на две кола пред крајот, но покрај пресвртот, овој меч против Рен ќе се памети и по ремек-делото на Муса Тамари.

Крилниот напаѓач на Рен постигна еден од најубавите голови во Лига 1 оваа сезона, бидејќи тој го отвори резултатот со страшен волеј од кој застанува здивот.

Тамари на прва ја зафати топката после еден центаршут кој не изгледаше баш идеално, но топката доби перфектна траекторија и заврши во мрежата на Лион.

Раниот гол во 6-та минута се покажа како најава за фудбалска голеада на „Олимпик парк“, стадион на кој на крајот Лион славеше со 4:2 против директниот ривал за ЛШ.