[ВИДЕО] Најдобриот играч на Ливерпул им ја покажуваше освоената титула во ПЛ на фановите на Јунајтед

Дерби

04/05/2026

07:54

425

Големина на фонт

а а а

Доминик Собослаи е убедливо најдобар играч на Ливерпул во тековната натпреварувачка сезона, а тоа го покажа на дело и во најголемото англиско дерби.

Ривалите со најмногу освоени титули во Премиер лигата секогаш играат со голема мотивација на меѓусебните пресметки, па така вчера гледавме возбудлив меч со пет гола, во кој на крајот славеше Манчестер Јунајтед.

Иако Ливерпул се врати во игра со два гола во вториот дел, Јунајтед постигна уште еден и славеше со 3:2, а по крајот на дербито, не изостанаа стандардните провокации.

Фановите на Јунајтед им фаќаа сеир на играчите на Ливерпул пред да се упатат кон соблекувалните, а Собосолаи им возврати со зајадлива гестикулација.

Собослаи им ја покажа освоената титула во Премиер лигата и потсети дека Ливерпул се уште е актуелен англиски шампион, нешто за што Јунајтед чека од 2013-та година.