Интер Мајами уште во првото полувреме водеше со 3:0 во дуелот со Орландо во МЛС, но на крајот доживеа голем шок и пораз (3:4) пред своите навивачи.
Меси, Суарез и нивните колеги дозволија целосен пресврт на противникот, а главен виновник за ваквиот епилог е сонародникот на Меси, Мартин Охеда.
27-годишниот Аргентинец очигледно беше дополнително мотивиран поради соочувањето со Меси, па испорача хет-трик на оваа средба, а со неговите голови Орландо успеа да израмни.
Конечниот удар го зададе Тајрис Спајсер во 93. минута, кога Орландо целосно го сврте резултатот и ги постави конечните 3:4, остварувајќи ја само третата победа на единаесет натпревари во новата сезона.
Меси постигна гол и забележа една асистенција, но сигурно тоа нема да му биде утеха за овој тежок пораз од Орландо.







