Арсенал вчера рутински ги освои бодовите на дуелот со Фулам и го префрли притисокот на Манчестер Сити, кој сега заостанува шест бодови со два натпревари помалку во Премиер лигата.
Тјери Анри во коментарот за вчерашната победа истакнал дека ова е Арсенал кој фановите го барале и очекуваат да го гледаат, алудирајќи на начинот на кој беше добиен натпреварот и фактот што „топчиите“ не дозволија тензија и драма на теренот.
– Каде беше овој Арсенал сите овие недели? Тоа е прашањето што сите го поставуваат. Ова е Арсенал што го знаеме, тоа беше одлична изведба. Бевме доминантни од првата минута, желбата, начинот на кој ја движевме топката беше фантастичен. Кога играте вака, не победувате само со пенали или корнери, туку доминирате.
– Ако Арсенал играше на ова ниво постојано, ќе зборувавме за тоа дека веќе ја освоиле лигата досега, а не дека се мачеле или се надевале дека ривалот ќе изгуби. Тоа е фрустрацијата и толку е едноставно е да се каже тоа.
„Сега, момците мора да разберат нешто. Можат ли да го прават тоа повторно, мора да го одржат овој моментум, да продолжат да постигнуваат што е можно повеќе голови бидејќи Сити дефинитивно ќе биде тука. Да продолжат да ги ставаат тимовите под притисок и да останат на вистинскиот пат. Бидејќи ако го одржат ова ниво, имаат сè за да одат до крај и да ја освојат лигата, па дури и Лигата на шампионите, – рекол Анри







