[ВИДЕО] Флик не планира да го гледа мечот на Реал по кој Барса може да слави титула, објасни и зошто

Дерби

03/05/2026

09:05

312

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик не планира да го гледа мечот на Реал Мадрид по кој Барселона може да освои титула, бидејќи се освен победа на „кралевите“ кај Еспањол оди во прилог на каталонскиот гигант.

Барса победи вчеравечер во Памплона против Осасуна и уште вечерва може да слави титула, а тоа ќе се случи доколку Реал не успее да го совлада Еспањол.

Ханси Флик доби директно прашање дали сака да се радува во недела вечер, или да дочека за титулата до „Ел Класико“ дербито наредниот викенд, при што доби и потпрашање за тоа дали ќе го гледа вечерашниот меч на „Корнелја“.

– Имам билети за Маго Поп (познат шпански илузионист), мислам дека ова му е последното шоу во Барселона. Најверојатно ќе одам да го гледам него, – изјави Ханси Флик.

– За мене најважно е што победивме против Осасуна, ние ја завршивме нашата работа, не можам да мислам за тоа што ќе се случи утре. Не е важно кога ќе се радуваме на титулата, важно е дека ќе го направиме тоа, – изјави Германецот.