Меси лут по неверојатниот пад и пораз на Интер Мајами: Ова е неприфатливо…

Дерби

03/05/2026

14:37

176

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами никако не успева да победи на новиот стадион, а рано утрово и го забележа првиот пораз на истиот и тоа во соочувањето со ривалот од Флорида, Орландо Сити.

Домаќините имаа пеколно прво полувреме, дадоа три гола, а можеа уште толку, меѓутоа на одмор однесоа предност од 3-1. Меѓутоа фаворитот беше многу лош по паузата, дозволи гостите да напаѓаат, да ги користат шансите и направат сензационален пресврт и слават со 4-3.

Ова секако е удар за шампионот и за тоа е свесен капитенот Лионел Меси кој им испратил јасна порака на соиграчите во соблекувалната.

-Нашиот капитен говореше и ни испрати доста зборови. Нè охрабри за следниот натпревар и рече дека ова е неприфатливо. Сите се согласивме со него, тоа е неприфатливо и сигурно нема да се случи повторно, -истакна дефанзивецот Јан Фрај.

Меси на овој меч даде мајсторски гол и забележа асистенција.