Руни знае кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата

Дерби

03/05/2026

13:52

173

Големина на фонт

а а а

Прославениот англиски напаѓач, Вејн Руни нема дилеми околу главната тема во Премиер лигата, трката за шампионската титула.

Арсенал и Манчестер Сити го имаат главниот збор и во моментов лидер е составот од северен Лондон, има шест бода повеќе од главниот конкурент, но и два меча повеќе од истиот што значи дека „граѓаните“ со евентуални две победи повторно ќе бидат изнедначени со „топчиите“.

Руни е убеден дека има само еден епилог на крајот, а тоа е крунисување на Арсенал во англиски првак.

-Мислам дека Арсенал ќе триумфира. Го почувствував ова и откако Манчестер Сити го победи Арсенал. Мислев дека можеби е во главите на Арсенал, затоа што мораа да одат кај Манчестер Сити и го изгубија финалето на купот од нив. Но, мислам дека тоа што беа таму, со израмнет број на бодови по поразот од Сити, и мислам дека натпреварите се поповолни за Арсенал. Мислам дека ќе победат во секој натпревар.

-И би можел да го замислам Сити како паѓа за еден или два натпревари.Можам да го замислам Арсенал всушност да биде доста удобен, мислам можеби три, пет бода, -истакна Руни кој запрашан зошто смета дека Сити ќе загуби бодови, тој одговори:

-Едноставно така е. Слушајте, Арсенал беше фантастичен, беа на врвот на лигата поголемиот дел од сезоната. Мислам дека Арсенал има начин на игра кој не им го привлекува вниманието на сите. Но, мислам дека Сити, со натпреварите што ги имаат, е преполн, Арсенал е таму цела сезона, мислам дека ова е нивна година, -порача некогашниот напаѓач на Евертон и Манчестер Јунајтед.