[ФОТО/ВИДЕО] Неверојатни сцени од Рио де Жанеиро: Шакира настапила пред 2 милиони луѓе на Копакабана

Точка

03/05/2026

09:00

1.136

Големина на фонт

а а а

Колумбиската пејачка Шакира оваа сабота настапила на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, во рамки на настанот „Todo Mundo no Rio“, пред приближно два милиони луѓе – што е најголемиот концерт во нејзината кариера.

Настапот на Шакира започнал околу 23:00 часот по локално време, повеќе од еден час подоцна од закажаниот термин, со вресоци од нејзините обожаватели и овации додека дронови летаа над плажата, испишувајќи „Те сакам, Бразил“.

Ѕвездата со љубов зборувала за своето прво доаѓање во Бразил, пред три децении.

„Дојдов овде кога имав 18 години, сонувајќи дека ќе пеам за вас“, ѝ рекла Шакира на публиката набргу откако излегла на сцената. „А сега погледнете го ова. Животот е магичен“, додала пејачката.


Концертот, кој привлекол огромен број луѓе, беше одбележан со енергичен настап исполнет со нејзините најголеми хитови. За време на настапот таа извела репертоар што опфаќал песни од различни фази од нејзината кариера, вклучувајќи ги новите хитови од албумот „Las Mujeres Ya No Lloran“, но и старите класици.


Меѓу нив беа и „La Tortura“, „Hips Don’t Lie“, „Chantaje“, „Loca“, „Ojos Así“, како и „Whenever, Wherever“.


За време на настапот, Шакира често комуницирала со публиката и ја нагласувала важноста на единството меѓу жените и нивната улога во општеството. Својот глас го искористила за да испрати порака за самодоверба, сила и надминување на животните предизвици.



Во емотивен говор одржан на португалски јазик, таа истакнала дека жените низ падовите стануваат посилни, помудри и поотпорни, и ја нагласила идејата што го одбележала целиот концерт:


„Жените, кога се сами, се поранливи, но заедно сме непобедливи“, порачала Шакира.


Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Кавалиере, на Икс напишал дека на настапот присуствувале два милиони луѓе.

„Волчицата влезе во историјата на Рио“, објавил тој.