Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ со одлична партија го предводеше Баерн Минхен до 24. сезонска победа во Бундеслигата.
Клубот од Минхен славеше на гостувањето кај Вирцбург со 90:81 и тоа во меч во кој го скрши отпорот на противникот во второто полувреме. Домќините одиграа одлични 20 минути во кои однесоа плус девет на пауза (49:37), но по одморот фаворитот издоминира, одигра квалитетно како во одбраната така и во нападот и дојде до посакуваниот резултат.
Димитријевиќ беше најдобар поединец на Баерн иако двајца играчи беа поефикасни од него (Да Силва-19, Обст-17 поени), тој уфрли 16 кошеви со 5 скока, 9 асистенции и 3 украдени топки.







