Силва постави нов рекорд во Сити, бројките откриваат зошто следува жестока битка за неговиот потпис

Дерби

24/04/2026

12:58

180

Големина на фонт

а а а

Бернардо Силва ја игра последната сезона во дресот на Манчестер Сити, а потврда за тоа дека има уште многу да му понуди на фудбалот е интересот од голем број клубови од повеќе континенти.

За Португалецот се интересираат клубови од МЛС, од Саудиска Арабија, но и европски клубови меѓу кои и Јувентус, а неговиот последен рекорд само дополнително го покажува неговото значење за тимот на Пеп Гвардиола.

Победата во вчерашниот дуел со Барнли за Силва беше 215-та во дресот на премиерлигашот, со што постави нов клупски рекорд, оставајќи го зад себе Давид Силва.

Шпанецот имаше 214 победи со Сити, но со успешност од 69%, додека Бернардо дојде на бројката од 215 со дури 72 проценти успешност на екипата чиј дрес го носи последните сезони.

Во првата тројка е поранешниот голман Едерсон со 205 победи и 74% успешност, а потоа следуваат и Кевин де Брујне (197-68%) и Фернандињо (187-70%).

За значењето на Силва во однос на резултатите на Сити говори и фактот дека тој настапил на 453 од вкупно 462 натпревари кои екипата ги одиграла откако е нејзин член.