Де Јонг избра легенда на Реал како најтежок противник со кој се соочил во кариерата

Дерби

24/04/2026

13:00

261

Големина на фонт

а а а

Френки Де Јонг испиша историја и стана Холанѓанецот со најмногу настапи во историјата на Барселона, рекорд со кој урна едно извонредно достигнување на својот сонародник Филип Коку.

Де Јонг стигна до 293 настапи во дресот на каталонската гордост и изби на првото место на вечната листа меѓу Холанѓаните, оставајќи зад себе елитни имиња како Коку, Куман, Клајверт и Рајзигер.

Иако во повеќе летни преодни рока беше пред заминување, на крајот Френки цели седум години е дел од првиот тим на Барселона, а по остварениот рекорд, самиот нагласи дека не планира да мрдне од „Камп Ноу“.

По повод импозантната бројка која ја достигна, Де Јонг остана достапен и за официјалните канали на Барселона, па во текот на вчершаниот ден одговараше и на прашања кои беа поставувани од фановите.

Френки даде доста интересни одговори, но посебно во фокусот се најде одговорот кој го даде за најтешкиот противник со кој се соочил во кариерата.

Иако малку подразмисли, Де Јонг нагласи дека станува збор за играч на Реал Мадрид, односно легендарниот Лука Модриќ.