Љупче Дориев продолжува да игра во супер форма за Согдиана во првенството на Узбекистан каде постигна уште еден гол, овојпат во пресметката со Навбахор Наманган.
Македонскиот репрезентативец беше автор на единствениот погодок за гостите во ремито од 1-1. Дориев се најде на вистинското место во 71. минута и со одмерен удар донесе водство за Согдиана, резултат кој беше активен до 94 минута кога домаќините реализираа и се изборија за бод.
Ова за некогашниот фудбалер на Шкендија беше четврти погодок на последните три средби за Согдиана односно досега има учинок од 6 гола и 1 асистенција на 8 лигашки натпревари.







