Чеферин за ВАР конфузијата во фудбалот: Понекогаш и јас не ги разбирам одлуките

Дерби

24/04/2026

11:52

144

Големина на фонт

а а а

Александер Чеферин како претседател на УЕФА учествувал на конференција во Мадрид, а таму зборувал и за начинот на кој судиите ја користат ВАР технологијата и контроверзите кои ги предизвикува различното толкување на правилата.

Понекогаш се носат различни одлуки за две исти ситуации на два натпревара од идентично натпреварување, а спорно е и честото вмешување на ВАР собата, со што не се почитува основната одлука на главниот судија и покрај тоа што ситуацијата покажува дека не направил голема грешка.

– Често се случува навивачите да не можат да ја разберат различната интерпретација на правилата и сфаќам како се чувствуваат.

– Понекогаш и јас самиот не ги разбирам правилата, посебно кога се работи за играње со рака. Како никој да не знае кога е пенал, а кога не е пенал, како судијата може да знае дали имало намера, па тој не е психијатар.

– Се обидуваме да им објасниме на судиите дека судијата на терен е тој што треба да одлучува. ВАР треба да интервенира само за очигледни и чисти грешки, а тие интервенции мора да бидат кратки, а не како некои од по десет минути, – истакнал Чеферин.