Милвоки во завршни преговори со наследникот на Риверс

Дерби

24/04/2026

11:51

117

Големина на фонт

а а а

Милвоки Бакс го идентификуваше и веќе е во завршни преговори со наследникот на Док Риверс и наскоро се очекува да го потврди тренерот кој ќе ја води екипата следната сезона.

Се работи за Тејлор Џенкинс, стручњакот кој последно работеше во редовите на Мемфис, а во минатото бил член на стручниот штаб на Милвоки.

Џенкинс му беше помошник на Мајк Буденхолцер во сезоната 2018/19, а во досегашната НБА кариера има ефект 250-214. Со такви резултати стана тренер со најмногу победи во историјата на Гризлис, екипа која три пати ја одведе во плејофот, пред да биде отпуштен во март, 2025 година.

Милвоки ја заврши сезоната со ефект 32-50, со што остана без плејоф по цели девет години.