Најпознатиот интелектуалец на денешницата „изгледа како жаба“, а завел 4 убавици кои му родиле деца: Едната била модел, две се 30 години помлади од него

Точка

20/04/2026

22:12

720

Големина на фонт

а а а

Славој Жижек, словенечки филозоф, изградил кариера на смела мешавина од Хегел, Маркс и Лакан, со шеги на границата на пристојноста и филмски дигресии што ја „соборуваат“ публиката.

Не е класичен убавец според стандардите, но редовно освојувал атрактивни, образовани и успешни жени. Тоа е клучот со кој интернетот и таблоидите со години се занимаваат: како човек со „професорски“ изглед и нервозни тикови заведува икони од галерии и редакции? Одговорот се враќа на ист сет карактеристики: интелигенција, хумор, ритам на говор и магнетизам на настапот.

Славој Жижек е филозоф, а воедно и институција: меѓународен директор на Брикбек институтот за хуманистика (Лондон), професор во Љубљана, автор на повеќе десетици книги и најпознато име на Љубљанската школа на психоанализа. Тој статус, заедно со способноста да ја насмее и Џудит Батлер и студенти од прва година, го прави „неодолив пакет“, како што сакаат да кажат неговите фанови.


Првиот брак во седумдесеттите го донел синот Костја. За тој период ретко зборува јавно, како и за првата сопруга.

Вториот брак бил со Рената Салецл, словенечка филозофка, социолог на правото и членка на Словенечката академија на науки. Рената е светски призната теоретичарка на емоциите и правото, со години предава во Лондон и Њујорк, а нејзините книги се преведени на повеќе јазици. Со Рената има син по име Тим.


„Го мразам венчавањето“

Третиот брак е „приказна за филмски кадар“. Славој Жижек во 2005 година во Буенос Аирес се венчал со Аналиа Хуни, аргентинска манекенка која, покрај моделската кариера, е лакановска истражувачка и ќерка на познати психоаналитичари. Освен тоа е и 30 години помлада од него. Се запознале на негово предавање. Класичен „Жижек- момент“: тој рафално зборува, публиката се смее, а зад сцената почнува сериозна интелектуална размена. Венчавката? И двајцата во бело, двор полн со интелектуална елита, маси прекриени со аргентински деликатеси и литри малбек. И музика што ја бирал Жижек за суптилно да ја исмева целата ситуација.

Секогаш велел дека мрази венчавки, но на целиот традиционален настан со Аналиа сепак се согласил за да ѝ удоволи на неа, а музиката на венчавањето била чисто за негова душа. Кога застанале пред матичарот, свирел вториот став од 10. симфонија на Шостакович („Портретот на Сталин“), а за бакнежот ја пуштил Шубертова „Смртта и девојката“. Типичен Жижек: црн хумор и историска иронија.

Уживав во тоа како мало дете (мисли на изборот на музика). Инаку, целата таа свадба ми беше ноќна мора. И на фотографиите се гледа дека не бев среќен“, говорел Жижек.


Бракот траел четири години и оставил низа митови за „најбизарната плејлиста за венчавање некогаш“.

„По разводот сум убеден не само дека таа личност повеќе не ја сакам, туку сум убеден и дека никогаш не сум ја ни сакал“, рекол подоцна Славој Жижек.

Четвртиот и сегашен брак е со Јела Крешич, словенечка новинарка, публицистка и писателка. Јела е доктор по филозофија, ќерка на истакнатиот историчар на архитектура Питер Крешиќ. Уредничка и авторка во „Дело“, водела значајни интервјуа (вклучително и со Џулијан Асанж) и објавила романи „Ниту други“ и „Книга на другите“. И таа е 30 години помлада од него.


Се венчале во 2013 година во Будва (незаборавен наслов во словенечките медиуми: „Žižka vzela Jela z Dela“ (Жижка ја зела Јела од Дело). Понекогаш настапуваат заедно на трибини, но приватноста главно ја држат надвор од сцената; и двајцата тврдат дека бракот е „релаксирачка институција“, затоа што ги ослободува партнерите од потребата постојано да ја докажуваат љубовта, што одговара на нивниот студен, филозофски прагматичен поглед на интимните односи.

„Како му успеа тоа?“


Фотографиите од венчавката со Аналиа Хуни редовно кружат на социјалните мрежи и секојпат предизвикуваат иста расправа: „Како му успеа тоа, имајќи го предвид неговиот изглед и нејзиниот изглед?“ Коментарите веќе станаа жанр за себе.

„Тој е неверојатно интелигентен, духовит и успешен. Може да изгледа како жаба — што, искрено кажано, и изгледа — и пак тоа би било небитно“, „Славој Жижек е генерациска интелектуална сила и да, жените се „палат“ на такви работи“, „Со него никогаш не би било здодевно“.


Се само дел од коментарите и објаснувањата како Славој Жижек успеал да се ожени со толку успешни и атрактивни жени.