Пријателите на Кристина Еплгејт во страв: Нема одлични денови, на сите нѝ е на ум дека утре може да ја нема

Точка

20/04/2026

14:12

606

Големина на фонт

а а а

Пријателите на познатата актерка Кристина Еплгејт се во страв за нејзиниот живот, поради состојбата со мултиплекс склероза.

Нејзините пријатели открија потресни детали за нејзината состојба, а според нивните зборови ѕвездата од серијата „Married... with Children“ преживува многу тешки моменти.


„Кристина е борец, но нејзината битка со мултиплекс склерозата е немилосрдна. Таа има подобри денови и многу лоши денови, но нема одлични денови. Секогаш се справува со нешто. Тоа е ужасно. Со секое влошување, ако сме реални, на сите нѝ е на ум дека со неа можеби нема да го дочекаме утрешниот ден“, наведоа.

Еплгејт беше хоспитализирана во Лос Анџелес кон крајот на март оваа година. Актерката сè уште се наоѓа на лекување, но официјални информации за нејзината состојба засега не се објавени.

Не е познато дали нејзиниот престој во болница е поврзан со мултиплекс склерозата, дијагноза што ја откри на јавноста во 2021 година, а нејзиниот портпарол накратко ја коментираше ситуацијата.


Оваа болест ѝ беше дијагностицирана во 2021 година, а оттогаш нејзиното здравје значително се влоши. Претходно, како што тврди, трчала, вежбала и играла тенис, а сега најголемиот дел од времето го поминува во кревет со големи болки.

Еплгејт изјави дека во одредени денови се буди со силни болки кога не може да ја помести ни раката за да дофати чаша вода покрај креветот или да го земе мобилниот телефон од полначот. Инфузиите што ги прима за да го забави напредувањето на болеста ја прават поподложна на многу инфекции.