Очајната Сара Фергусон талка низ Европа и живее од парите на богатите пријатели: Седум месеци се криеше, сега конечно е „уловена“, а еве во која земја

Точка

20/04/2026

16:52

1.165

Големина на фонт

а а а

По повеќемесечно криење од јавноста, Сара Фергусон повторно е снимeна – и тоа во австриско скијалиште. Нови детали откриваат како поранешната војвотка од Јорк во последните месеци кружи низ Европа, со поддршка од богати пријатели и под сè поголем притисок поради случајот со Џефри Епстин.

Фергусон, поранешната војвотка од Јорк, првпат по неколку месеци е видена во јавноста. Фотографиите што ги објави британски таблоид ја прикажуваат во мало австриско место познато по луксузното скијалиште, каде, се чини, поминала дел од времето далеку од очите на јавноста.

Станува збор за нејзиното прво појавување уште од септември, кога присуствуваше на погребот на војвотката од Кент. Во меѓувреме кратко беше видена и во декември, на крштевката на внуката Атена, но тогаш нејзиното лице беше скриено на фотографиите.

Притисокот расте

Според пишувањето на британските медиуми, Фергусон во последните месеци се потпира на финансиска помош од блиски пријатели кои ѝ овозможуваат да остане надвор од фокусот на јавноста. Еден извор ја опишал како „очајна“, тврдејќи дека стравува од „полицијата и политичарите“ кои би можеле да бараат од неа сведочење за нејзиниот однос со осудениот педофил Џефри Епстин. Наводно особено ја загрижува фактот што со него останала во контакт и по неговата пресуда.

Европска рута

Австрија има посебно значење за Фергусон. Таму, по дијагнозата на малиген меланом, престојувала во клиниката „Mayrlife“, каде поминала две недели на закрепнување. Сепак, Австрија не е нејзината единствена станица. Како што пишуваат медиумите, по Божиќ заминала во Цирих, каде престојувала во луксузната клиника „Paracelsus Recovery“, позната по третмани за зависности, анксиозност и трауми. Во февруари наводно била видена и во Ирска, во ресортот „Ballyliffin Lodge & Spa“, кој често го посетува.


Во едно претходно ТикТок видео од таа локација рекла: „Кога работите стануваат премногу, се обидувам да избегам на место со најубав, свеж воздух“.

Се појавија и тврдења дека нејзините ќерки, принцезите Беатрис и Еугенија, не сакаат да престојува кај нив, поради што, наводно, отпатувала во САД кај блиската пријателка Присила Присли. Присли брзо ги демантираше тие наводи, порачувајќи дека се „целосно неточни“.