[ФОТО] Сидни Свини ги преминала сите граници и позирала целосно гола: Сцените од „Еуфорија“ ги шокираа гледачите

Точка

20/04/2026

17:25

1.400

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Сидни Свини повторно ја шокираше публиката. Имено во последната епизода од серијата „Еуфорија“ позирала целосно гола и предизвикала лавина реакции.

Фотографиите можете да ги погледнете тука. Втората епизода од третата сезона на споменатата серија продолжува да ја истражува приказната за нездравата врска меѓу Кеси (Сидни Свини) и Нејт (Џејкоб Елорди).


Кеси објавува содржина на „Онлифенс“ и се обидува да заработи буџет за свадба. Во една компромитирачка поза, Кеси лиже стопен сладолед што ѝ се слева по градите. Друга сцена ја прикажува Кеси како позира целосно гола, носејќи само бејзбол капа.


Ова не е првпат Свини да ги шокира гледачите со смели сцени, а многумина сметаат дека во последната сезона на „Еуфорија“ ги преминала сите граници.

„Ќе престане ли оваа жена да се понижува?“, „Ова е толку бедно“, „Со очајничко привлекување внимание нема да станеш добра актерка“, „Дно од серија“, се само дел од коментарите на Икс.


Меѓутоа таа не гледа ништо спорно во голотијата. Претходно изјавила дека во Холивуд владее двоен стандард, според кој актерите можат да снимаат голи сцени и да освојат Оскар, додека на актерките тоа им се замерува.