Работнички оствари важна победа над Арсими и ја продолжува борбата за опстанок во ПМФЛ

Дерби

19/04/2026

16:37

123

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Работнички издвојуваа многу значајна победа над Арсими од 2-0 во денешниот натпревар од 28. коло во Првата лига.

Клубот од Дебар Маало игра многу подобро во пролетниот дел од сезоната, меѓутоа и покрај остварените победи се уште е во зоната која води во втората лига.

Сега „романтичарите“ се на само бод од Пелистер кој е деветти на табелата, позиција која води во баражот за опстанок. На денешниот натпревар двата најважни моменти се случија во второто полувреме, прво Мухареам стрелаше во 54 минута, а точка стави Хоџа во судиското продолжение.