Агуеро со совет за сонародникот Алварез: Совршено ќе се вклопи во таа екипа

Дерби

19/04/2026

13:54

492

Големина на фонт

а а а

Хулијан Алварез ја игра втората сезона во дресот на Атлетико Мадрид, но останува дилема дали ќе остане во шпанската престолнина и по крајот на натпреварувачката 2025/2026.

Тој има договор до 2030 година, но за него има интерес и од други екипи како на пример Арсенал, Барселона…па останува да се види која ќе биде неговата одлука, а секако и дали Атлетико ќе се откаже од него. Во моментов „душекџиите“ имаат јасен став и не сакаат да чујат за заминување на Аргентинецот, ама во фудбалот работите се менуваат особено ако играчот изрази желба за промена.

Серхио Кун Агуеро со внимание ги следи настапите на сонародникот и се обиде да му даде еден совет во случај да одлучи да го напушти Атлетико.

-Хулијан би бил добро засилување за секој тим денеска. За Барса очигледно сè зависи од тоа дали се чувствува удобно. Постои страната на играчот и страната на клубот. Ако работите одат добро, еден ден ќе биде шампион на Лигата на шампионите.

-Многу е тешко за играчот таму, многу е комплицирано. Но, ако Барса го гледа и тој игра добро, тој совршено се вклопува. Тој го сака фудбалот и има нешто што го немаат многу напаѓачи: многу посветена дефанзивна екипа. Хулијан е многу комплетен играч, -порача Агуеро.